35 казни за брзо возење во Велес

пред 2 години

Денеска во периодот од 10.00 до 14.00 часот на територијата на Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што биле санционирани 35 возачи.

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа двајца возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 33 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти полицијата.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, додаваат од ресорното министерство.

Share
Scroll to Top