Натпревар по математика за средношколци во земјава, насловен УлтиМат ќе се одржи во денеска, во Ист гејт гол во Скопје.
Според органзиаторите, Ултимат е најголемиот годишен натпревар кој ќе ги награди најдобрите математичари во земјава и чија цел е да ги инспирира младите кон кариера во математика, технологија и наука.
-Ултимат го организираат факултетот Бреинстер НЕКСТ и NU Колеџот за средношколци. На Ултимат ќе учествуваат најдобрите 350 средношколци од цела Македонија кои ја поминаa квалификациската фаза. Задачите што ќе ги решаваат натпреварувачите ќе ги тестираат нивната логика, брзина и аналитички способности. По завршувањето на двете рунди од првата фаза, најдобрите 50 учесници продолжуваат во втората фаза составена од две рунди – Супер финале и Ултимат Challenge што ќе се одржат утре, наведуваат организаторите.
Најдобриот математичар ќе ја освои главната награда од 10.000 евра, што претставува највисока награда за ваков тип натпревар во регионот. Покрај паричната награда, победникот ќе добие и 100-процентна стипендија за студирање на Бреинстер НЕКСТ факултетот.
Вредни награди ќе има за најдобрите десет учесници – сертификати, стипендии и ваучери за Бреинстер НЕКСТ факултетот и NU Колеџот за средношколци, посочуваат од Едукативно-образовниот центар Бреинстер.
Текстот 350 средношколци денес ќе се натпреваруваат во математика во Ист гејт мол во Скопје е превземен од МАКФАКС.