40 казни за брзо возење на подрачјето на Штип

пред 2 години

Вчера на подрачјето на Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 40 прекршоци, од кои 33 надвор од населено место и 7 во населено место. Од нив 10 во Штип, 9 во Свети Николе, 8 во Кочани, 4 во Пробиштип, по 3 во Берово, во Виница и во Делчево. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

Полицијата со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за безбдност во сообраќајот.

Share
Scroll to Top