41 санкции за прекршоци што ги направиле пешаците во Битола

пред 2 години

Денеска во периодот од 11 до 16 часот полициски службеници на СВР Битола спровеле акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците, при што биле санкционирани 41 пешак.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период. Апелираме до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците, исто така, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат надлежните.

Share
Scroll to Top