42,32 отсто од граѓаните гласале на  претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК

42,32 отсто од граѓаните гласале на претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК

пред 2 недели

До 17 часот до ДИК биле пристигнати податоци за излезност на гласачите за претседателските избори од 2.040 избирачки места, од вкупно запишани 1.069. 029 гласачи.

На овие избирачки места гласале 452.412 гласачи односно 42,32 отсто.

Најголемата излезност за претседателските избори според ДИК, има во Новаци со 66,47 проценти, а најмала излезност има во Липково со 6,48 проценти.

Споредено со вториот круг на претседателските избори во 2019 година, има зголемување на излезноста од 7,19 проценти, рече претседателот на ДИК, Александар Даштевски.

Споредено со првиот круг на претседателските избори 2024 година има зголемување од 0,01 процент, додаде тој.

Текстот 42,32 отсто од граѓаните гласале на претседателските избори до 17 часот, соопшти ДИК е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top