Денеска во периодот од 09 до 14 часот на подрачјето на Тетово била спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што биле санкционирани 45 возачи, од кои 32 на територија на Тетово, а 13 на територија на Гостивар.
41 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а шест возачи возеле дури над 70 километри на час над дозволената брзина.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, информира МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.