46-годишник од Гевгелија осомничен за демнење: следел маж и неговите три малолетни деца во Скопје

46-годишник од Гевгелија осомничен за демнење: следел маж и неговите три малолетни деца во Скопје

пред 14 часа

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 46-годишен жител на Гевгелија кој е осомничен за дејствија на кривично дело – Демнење од член 144-а од Кривичниот законик кои ги извршил во Скопје кон еден оштетен и неговите три малолетни деца.

Во периодот од 29.01 до 29.04 осомничениот го следел оштетениот при доаѓање или одење од работното место, го следел движењето на неговите деца додека оделе во основно училиште во Кисела Вода и се обидувал со пораки да воспостави несакан контакт. Со ваквите дејствија предизвикал чувство на вознемиреност, несигурност и страв кај оштетените.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетените, како и забрана за посетување на локациите каде го вршел демнењето.

Текстот 46-годишник од Гевгелија осомничен за демнење: следел маж и неговите три малолетни деца во Скопје е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top