51-годишен мотоциклист од Скопје починал откако излетал од патот. Тој во незгодата најпрво се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во болница каде и починал.
Како што соопшти полицијата вчера во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на патот кон с.Пуста Брезница, скопско, мотоцикл „хонда“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.С.(51) од Скопје, излетал надвор од патот.
Во несреќата мотоцикистот се здобил со тешки телесени повреди, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде починал.
Извршен бил увид на местото на несреќата од увидна екипа од СВР Скопје.