517 пациенти од Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во земјава

пред 4 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 517 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, известува министерството за здравство.

Според податоците од таму, во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 20 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 71 пациент позитивен и суспектен на Ковид- 19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 60 пациенти, во Прилеп 84, во ковид центарот во Гостивар 17, а во Струга 18 пациенти.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 27 пациенти, во Кочани 6 во Кичево 11, Кавадарци 58, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот, посочуваат од МЗ.

Според последните анализи од таму, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 860 и има околу 370 празни болнички кревети во ковид центрите.

Од министерството информираат дека, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Министерството, велат од оваа институција, има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Share
Scroll to Top