52 казни за брзо возење во Охрид

пред 4 години

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот вчера (9 јануари) спровела засилена сообраќајна контрола на територијата на Охрид, информираат од МВР.

При тоа биле санкционирани 52 возачи, кои возеле со брзина поголема од дозволената.

Од МВР посочуваат дека засилените контроли ќе продолжат и денеска и во наредните денови, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Share
Scroll to Top