57-годишна жена од охридско била тешко повредена по удар од автомобил

пред 2 години

Вчера во 12.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на локалниот пат во с.Оровник, општина Дебарца, патничко моторно возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.П.М.(33) од с.Оровник, удрило во Г.М.(57) од с.Оровник.

Во несреќата Г.М. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

Share
Scroll to Top