599 ковид-пациенти се лекуваат во македонските болници

пред 3 години

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 599 и има околу 560 празни болнички кревети во ковид-центрите, информираат од Министерството за здравство.

Како што додаваат од таму, во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава, со исклучок на главниот град, е пријавено дека се лекуваат вкупно 343 пациенти позитивни и суспектни на вирусот.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 28 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип е хоспитализиран 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 18 пациенти, во Велес се лекуваат 17 болни, а во Куманово 50 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 65 пациенти, во Прилеп 20 во ковид-центарот во Гостивар 21, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 5, во Кичево 8, Кавадарци 14, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на вирусот“, се наведува во соопштението на ресорното министерство во кое се додадава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Share
Scroll to Top