70-годишен пешак тешко повреден по удар од автомобил во Струмица

пред 3 години

70-годишно лице од Струмица се здобило со тешки телесни повреди по удар од автомобил, соопшти полицијата.

Имено вчера во 13,30 часот било пријавено дека во Струмица на ул.“24-ти Октомври“ патничко моторно возило “џип“ со струмички регистарски ознаки, управуванo од Б.М.(29) од Струмица удрило во пешакот Л.М.(70) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Л.М. констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Струмица.

Share
Scroll to Top