70-годишен маж од Ѓорче Петров пукал со пиштол од балкон

пред 3 години

Седумдесетгодишен скопјанец го нарушил јавниот ред и мир на начин што со пиштол испукал неколку куршуми во воздух.

Според информациите од полицијата, пукањето се случило вчера на пладне од балкон во стан во Ѓорче Петров.

„Од лицето бил одземен пиштолот „М- 70“ калибар 9мм., две рамки за пиштолот, 12 куршуми калибар 9мм., футрола за рамка, ловечка пушка „црвена застава“ калибар 16/70мм., два патрона за ловечка пушка „белон 2,50 мм.“, футрола за ловечка пушка и две дозволи за поседување и носење оружје на негово име“, велат од МВР.

По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Share
Scroll to Top