Денеска (13.05.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје – Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 77 возачи. Од нив, 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.