Kостадиновски: Авторитетот на уставните судови произлегува од квалитетот на нивните одлуки и од довербата што ја уживаат кај граѓаните

Kостадиновски: Авторитетот на уставните судови произлегува од квалитетот на нивните одлуки и од довербата што ја уживаат кај граѓаните

пред 32 минути

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Дарко Костадиновски, со воведно обраќање ја отвори Четвртата годишна конференција на Форумот на балканските уставни судови, која се одржува во Охрид од 12 до 14 ноември 2026 година, на тема „Современи предизвици за владеење на правото: Улогата на уставните судови“.

Во обраќањето, Костадиновски ги сподели своите согледувања за тоа како уставните судови можат да одговорат на демократската ерозија и на притисоците врз нивната независност. Тој нагласи дека институционалните гаранции за независност добиваат вистинска содржина кога судијата има знаење, интегритет и храброст да одлучува според сопственото правно убедување.

Како втор столб на уставното судство ја издвои довербата на граѓаните, која се гради преку отвореност и аргументирани, разбирливи одлуки. Во тој контекст се осврна на практиката на Судот да ја информира јавноста за најзначајните одлуки по секоја седница и на можноста граѓаните да ги следат седниците во живо.

„Целта не беше да ги направиме одлуките популарни. Целта беше тие да станат поразбирливи“, истакна претседателот Костадиновски.

Во освртот на вештачката интелигенција, тој посочи дека технолошкиот развој отвора можности за поефикасна заштита на Уставот и на човековите права. Истовремено, го постави прашањето дали вештачката интелигенција може да ги замени совеста, етиката, моралниот интегритет и независното правно убедување на судијата.

Текстот Kостадиновски: Авторитетот на уставните судови произлегува од квалитетот на нивните одлуки и од довербата што ја уживаат кај граѓаните е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top