Mицкоски по изјавата на Касами дека не сака коалиција: Изгледа политиката му е само хоби

пред 4 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска порача дека некои луѓе не ја разбираат политиката или тоа им е само хоби, откако лидерот на БЕСА, Биљал Касами, кажа дека се можни коалиции за локалните избори, но не со ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски смета дека изјавата на Касами е удар врз владините политички конкуренти.

„Јас тоа повеќе го доживеав како навреда кон владините политички конкуренти, затоа што тој чувствува дека толку е надмоќен во однос на владините политички конкуренти, што гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во одредени општини, како што разбрав Касами ќе се кандидира во Тетово, а Фадил Зандели во Гостивар, е толку голема што не му е потребна поддршката од ВМРО-ДПМНЕ. Јас му посакувам среќа и успех во намерата. И една порака, вака како човек, во политиката такви изјави ги даваат луѓе кои или не ја разбираат или политиката им е повеќе како хоби, отколку сериозна професија“, рече Мицкоски.

Инаку, Касами веќе се изјасни дека ако има сериозни понуди за соработка, тогаш БЕСА ќе ги разгледа.

Според него, одлуката ќе се донесе откако ќе се утврди која е најдобра опција за нив.

Share
Scroll to Top