Oпозицијата повика на одговорност од изведувачот на градинката „Мајски цвет“

пред 2 години

 

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Секаде каде што СДСМ и ДУИ гледаат бизнис интерес работите пропаѓаат после некое време, заради неквалитетна изведба. Исплатија огромни суми на пари на фирма блиска до ДУИ, за резултатот после повеќе од година и пол да е паднат кров, коментира ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Наместо да градат, тие крадат! Цела среќа е што настанот се случил за време на викенд и никој од дечињата и вработените не биле присутни, но прашањето е кој ќе преземеш одговорност доколку имаше повредени или жртви?

Устата им е полна со фалење дека грижата кон најмладите ја покажуваат преку изградба на детски градинки, но единствено што покажуваат е нивната неспособност и неодговорност.

Заев, Богоев, Царовска и Шахпаска трчеа кој попрво да се слика, а сега бегаат и не одговараат како пуштиле во употреба објект за кој се отвора сомнеж дека е неисправно изграден?

Власта да одговори уште колку вакви објекти има направено фирмата миленик на ДУИ, и дали е точно дека според информациите кои се јавно достапни на Електронскиот систем за јавни набавки истата фирма од 2017та година до 2021 добила тендери од општините каде што градоначалниците беа од СДСМ и ДУИ и други државни институции во вкупна вредност од над милион ипол евра?

Ќе понесе ли одговорност изведувачот на објектот, колку ќе чини и од чии пари ќе се плати санацијата на истиот?

Одговорност мора и ќе има.

Крадењето на СДСМ и ДУИ е неиздржливо за граѓаните.

Премногу е! На протест на 18 јуни во 20 часот пред Влада, за да се спротивставиме на сите штетни политики и да се избориме за промени и подобро иднина за сите граѓани“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top