Владата на денешната седница одлучи дека од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на
територијата на Република Северна Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат:
– сертификат/потврда за извршена вакцинација, односно примени најмалку две дози на вакцина против Ковид-19; или
– сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето; или
– медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија.
„За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или
за прележан Ковид-19, ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот
санитарен и здравствен инспекторат. Странските државјани кои транзитираат низ земјата ќе можат да го направат тоа во
рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата“, велат од Владата.