Tоварно моторно возило усмрти пешак во Дојран

пред 2 години

Синоќа во 13.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“ во Нов Дојран, товарно моторно возило „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р.Б.(60) од Нов Дојран, движејќи се наназад, удрило во П.П.(88) од Гевгелија.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, по што бил пренесен во ЈЗУ Гевгелија каде починал.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на обдукција.

Share
Scroll to Top