Автобус со 61 мигрант сопрен кај Демир Капија, возачот избегал

пред 2 години

Синоќа на автопатот А1, на делот Миравци – Демир Капија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица запреле автобус со штипски регистарски ознаки, по што возачот на напуштил автобусот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

При контрола во автобусот биле пронајдени 61 лице мигрант, од кои 30 од Сирија, 27 од Пакистан и четири од Индија, информираат од МВР.

Мигрантите биле сместени во Прифатно-транзитниот центар Винојуг и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share
Scroll to Top