Адвокатот на Палевски: Мајката на Вања и ќерката на Жежовски не ги знаат обвинетите, нема поврзаност на исказите со убиствата

Адвокатот на Палевски: Мајката на Вања и ќерката на Жежовски не ги знаат обвинетите, нема поврзаност на исказите со убиствата

пред 2 месеци

Марјан Витановски, адвокатот на Љупчо Палевски во изјава за медиумите рече дека засега нема искази кои би упатувале на тоа дека неговиот клиент e поврзан со кривичните дела за кои се товари.

Витановски вели дека мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска,  во својот исказ не посочи дека го знае Палевски од претходно, не ги познава обвинетите, а не знае ниту дали  нејзиниот сопруг се знаел со Палевски.

Ќерката на велешанецот, Панче Жежовски, Ана Киркова, пак, не ги знае обвинетите, го знае само Велибор Маневски, со кој нејзиниот татко имал судски спор.

Според Витановски, нема конкретни сознанија што би упатувале на заклучок дека некој од обвинетите може да се најде како сторител на кривично дело.

„Засега преку овие докази не може да се доведе до поврзаност со кривичните дела. Нема исказ кој би упатувал на тоа дека Палевски е сторител на ова кривично дело“, рече Витановски.

Тој се осврсна и на исказот дека таткото на Зорица имал купено стан од фирмата на Палевски, но на Ѓорчевска не и е познато дека меѓу нив имало некакви недоразбирања.

„Многу адвокати се оградија, ама јас цврсто и искрено верувам во невиноста на мојот клиент“, додаде Витановски.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска сведочеа Зорица Ѓорчевска, мајката на убиената Вања и Ана Киркова, ќерката на велешанецот, Панче Жежовски.

Судењето за убиството на Панче и Вања почна на 20 септември. Им се суди на првообвинетиот Љупчо Палевски, како и Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа најдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Текстот Адвокатот на Палевски: Мајката на Вања и ќерката на Жежовски не ги знаат обвинетите, нема поврзаност на исказите со убиствата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top