Адем Чучуљ предложен за претседател на антикорупциската комисија

Адем Чучуљ предложен за претседател на антикорупциската комисија

пред 2 часа

Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата едногласно го предложи Адем Чучуљ за претседател на Државната изборна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Предлогот треба да помине и на пленарна седница на парламентот, која, според најавите, треба да се одржи на почетокот на декември.

Адем Чучуљ е актуелен генерален секретар во ДКСК и дипломиран правник со положен правосуден испит.

Огласот за пријавување кандидати за претседател на антикорупциската комисија беше објавен летово откога досегашната претседателка Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинението во случајот „Адитив“.

Текстот Адем Чучуљ предложен за претседател на антикорупциската комисија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top