Академик Владо Камбовски даде поддршка на новата концепција за основно образование. Во своето обраќање на јавна рсправа, Камбовски истакна дека реформата е задоцнета, затоа што Законот врз основа на којшто се носи е донесен уште пред две години. Поради тоа истакна Камбовски, неопходно е концепцијата да се донесе.
„Не смееме да го одложиме носењето на концепцијата. Не смееме да губиме години. Навремена е новата концепција и време е за соочување на ставовите. Сметам дека вакви слични дебати треба да имаме и за реформи во средното и за високото образование. Оваа реформи ќе треба да отвори расправа и затоа какво ни е предучилишното образование и какво ни е средното образование”, истакна Камбовски.
Тој посочи дека наставните програми треба да ги следат националните стандарди, односно да се има план со којшто ќе се прави мерење на достигнувањата на учениците.
„Главните протагонисти на целиот овој процес се наставниците. Дојде времето на учителот со големо У да стане главната фигура во образованието”, рече Камбовски.