Апелациониот суд ја преиначи пресудата за случајот „Рекет“ во кој е обвинет Бојан Јовановски – Боки 13.
Боки 13 во 2020 година беше осуден на девет години затвор за кривични дела „примање награда за противзаконито влијание и перење пари“ во случајот „Рекет“.
Боки 13 во моментов е со условна затворска казна врз основа на медицинска документација. Некои лекари тврдат дека тој е инвалид од прв степен и не може да ја одлежи затворската казна. Судот ги прифати тие медицински наоди и му дозволи да остане на слобода.
Во 2023 година Јовановски беше опериран за отстранување на целиот стомак.
Текстот Апелација му ја намали казната на Боки 13 за „Рекет“, од девет на пет години е превземен од МАКФАКС.






