Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за дрогата

Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за дрогата

пред 12 часа

Aпелациониот суд повторно го осуди Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова на три години и десет месеци затвор за потрговија со дрога. Ова се случува откако Врховниот суд ја укина претходната пресуда и го врати случајот на повторно судење.

„Решението на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1439/24 од 31.07.2024 година, го преиначи во делот на одлуката за кривичната санкција – изречената заводска мерка Упатување во воспитно-поправен дом на начин што за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 1-една година и за кривичното дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 в.в член 22 од Кривичниот законик му се утврдува казна затвор во траење од 3-три години и согласно член 44 став 2 точка 2 од Кривичниот законик, СЕ ОСУДУВА на единствена казна затвор во траење од 3– три години и 10-десет месеци“ соопшти Апелација.

Во мај Јованов беше осуден на 12 години затвор за смртта на Кулакова, на пешачки премин на „Партизанска“.

Текстот Апелација повторно го осуди Васил Јованов на три години и десет месеци за дрогата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top