Арсовска: Само со почитување на различностите, можеме да постигнеме општествен напредок

пред 3 години

Градоначалничката Арсовска и амбасадорот на Индија Н.Е. Санџај Рана, присуствуваа на свечена академија по повод Меѓународниот ден на Ромите на покана на Шабан Салиу, претседател на Демократски сили на Ромите.

Арсовска истакна дека само доколку се почитуваат различностите, со взаемна почит, може да се постигне напредок во општеството за сите граѓани.

„Денешниот ден и неговото одбележување, ја симболизира почитта кон ромската заедница и нејзината автентична култура“, истакна Арсовска.

Ромската заедница е значаен дел од нашето општество, а Градот Скопје секогаш ќе работи во насока на правична застапеност на ромската заедница, која е дел од нашиот мултикултурен град.

„Денеска ги славиме различностите и доколку работиме заеднички и се почитуваме, можеме да постигнеме голем за напредок за сите граѓани. Почитувани претставници на ромската заедница во Македонија, драги пријатели, ви го честитам денешниот празник“, истакна градоначалничката Арсовска.

Share
Scroll to Top