Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска оствари официјална работна средба со градоначалничката на Драч, Емиријана Сако на која се разговараше на повеќе теми за меѓусебна соработка на двата града, размена на искуства, како и отпочнување конкретна соработка.
На средбата разговараа потенцијалот за раст на трговската размена во сегментот на туризмот, соработка во областа на образованието и културата.
Воедно, на средбата беше договорена соодветна динамика што води кон конкретна соработка за имплементација на проекти кои се од взаемен интерес на двата града, а која започнува со посета на делегација со претставници на релевантните сектори од двата града. Градот Драч е пристанишен град, втор град по број на население во Албанија, кој претставува историски, културен, туристички центар и е еден од главните економски центри во државата.
Текстот Арсовска се сретна со колешката од Драч е превземен од МАКФАКС.