Без камата за старите долгови: „Водовод“ со акција за отплата на рати од 20 април до 5 јуни

Без камата за старите долгови: „Водовод“ со акција за отплата на рати од 20 април до 5 јуни

пред 3 часа

ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.

Акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење и започнува од 20.04.2026 година, а завршува заклучно со 05.06.2026 година.

„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата.

Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје.

По истекот на овој период одлуката престанува да важи“, велат од Водовод.

За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:

02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk;

Текстот Без камата за старите долгови: „Водовод“ со акција за отплата на рати од 20 април до 5 јуни е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top