Бочварски: Приоритет се капиталните проекти, на терен се работи со силно темпо

пред 3 години

Реализацијата на капиталните проекти, преку изградба и реконструкција на патната мрежа, комуналната инфраструктура и железницата, останува силен фокус на Министерството за транспорт и врски.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во 100-те денови од Владата, се заврши со изградба на втората фаза од експресниот пат Штип-Радовиш инвестиција од 23 милиони евра.

Исто така завршени се сите инфраструктурни проекти на автопатот Кичево – Охрид кои беа неохподни за продолжување на сите дополнителни работи со што се овозможи силен фронт за работа на терен. Активно се работеше и на изградба на автопатската делница од Граничниот премин Блаце до село Блаце, се истакнува од страна на ресорнoто министерство.

Од таму појаснуваат дека во делот на експресните патишта интензиво се работеше на експресниот пат Градско-Прилеп, потоа од Курпиште до Кочани и експресниот пат Ранковце-Крива Паланка, со вкупна инвестиција од 135 милиони евра.

„Во овој период започнавме со изградба на регионалниот пат Извор до Гарски мост, реконструкција на превојот Плетвар, како и рехабилитација на неколку други патни правци. Со проектот за „Поврзување со локални патишта”, распишавме јавен повик за рекнструкција на 17 локални улици во 10 општини со вкупна инвестициона вредност од 5 милиони евра. Во делот на комуналната инфраструктура, за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните започнавме реконструкција на водоводи и канализациони системи во Кавадарци, Гевгелија, Штип, Валандово, Струмица и Крива Паланка. Континуирано се работи на реконструкција на водоводни и канализацони линии и во други општини преку заемот од Европската Инвестициона Банка. Интензивно се гради и браната Отиња“, појаснуваат од ова министерство.

Во рамките на преговорите на мешовитите комисии меѓу Владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, ги зголемивме квотите за дозволи за и од трета земја со што го унапредивме товарниот транспорт и ја воведовме авиолинијата Софија-Скопје, информираат од министерството.

Share
Scroll to Top