Денеска во МВР дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев оствари средба со претставници на репрезентативниот Македонски полициски синдикат, предводени од претседателот Марјан Кицев, со цел да се потврди меѓусебната поддршка и заложба за спроведување фер, слободен и демократски изборен процес.
Од страна на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Бојмацалиев беше истакнато дека тој продолжува по принципот на работа на поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, дека ниту едно право на полициските службеници коешто им следува со потпишаниот Колективен Договор помеѓу МВР и МПС, нема да биде укинато. Бојмацалиев истакна дека не отстапува од принципот на фер и достоинствено раководење со Министерството, при што рече дека нема да бидат толерирани никакви притисоци кон вработените од ниту една политичка партија, а во спротивно ќе следуваат соодветни правни санкции.
Претседателот на МПС, Марјан Кицев, му честиташе на Бојмацалиев за именувањето на функцијата дополнителен заменик министер за внатрешни работи, при што ја изрази својата поддршка за посветеноста и професионалноста на Бојмацалиев да бидат спречени било каков вид на притисок врз вработените од страна на било која политичка партија.
Двајцата соговорници уште еднаш ја потврдија досегашната успешна соработка, со обврзување за интензивирање на динамиката на истата и во иднина.
Текстот Бојмацалиев со полицискиот синдикат: Ниту едно право на вработените нема да биде скратено, заеднички се заложбите против притисоци кон вработените е превземен од МАКФАКС.