Брат и сестра обвинети дека истепале полицаец во Чаир

пред 4 години

Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против две лица за кривично дело – напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Како што се наведува во соопштението, обвинетиот 21-годишник и неговата 22-годишна сестра, како соизвршители, на 20 јануари во вечерните часови, нападнале и повредиле полицаец кој извршувал работни задачи на подрачјето на Бит Пазар и Чаир.

Полицискиот службеник заедно со уште еден негов колега се обиделе да го легитимираат обвинетиот, кој им кажал дека нема лични документи со себе и започнал расправија со нив.

Кога му било кажано дека ќе биде приведен во полициска станица со цел утврдување на неговиот идентитет, обвинетиот запонал да пружа отпор и се дал во бегство.

Кога полицаецот го стигнал и го совладал, обвинетата се обидела да му помогне на својот брат, па му задала неколку удари и гребаници на полицискиот службеник.

Во тој момент и обвинетиот повторно започнал да го удира полицаецот со тупаници по главата и градите, нанесувајќи му телесни повреди.​

Share
Scroll to Top