Бугарија ја повика хрватската амбасадорка поради изјавата на Милановиќ за Македонија

пред 4 години

Амбасадорката на Република Хрватска во Софија, Јасна Огњановац денеска била повикана на разговор во бугарското МНР по наредба на министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев.

Ова се случува поради изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој јавно се спротивстави на Бугарија за условите што и ги поставува на Македонија за почеток на преговорите со Европската Унија.

Бугарија ја опишува изјавата на Милановиќ како неприфатлива и неоправдана.

Милановиќ, по завршувањето на процесот Брдо-Бриони пред два дена, изјави дека ова што сега една земја-членка на ЕУ и го прави на Северна Македонија е „влегување во туѓо“, односно влегување во интимниот простор. Хрватскиот претседател оцени дека Скопје се наоѓа во невозможна позиција во процесот на евроинтеграциите.

 

Share
Scroll to Top