„Вевчанскиот карневал е нешто на што Македонците се гордеат“, рече Џамбазов и со министерката за култура го најави почетокот на фестивалот

„Вевчанскиот карневал е нешто на што Македонците се гордеат“, рече Џамбазов и со министерката за култура го најави почетокот на фестивалот

пред 10 месеци

Игор Џамбазов на прес-конфенренција рече дека Вевчански откарневал е нешто на што Македонците се гордеат и заедно со министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, го најаваи почетоткот на фестивалот.

„Најкреативните луѓе во Македонија, вевчанците, знаат да направат шега и смеа. Вевчанскиот карневал е бренд што не смее да се одбие. Драго ми е што Министерството за култура е голем подржувач на Вевчанскиот карневал. Јас одвај го чекам почетоткот на самиот карневал и посакувам едно успешно издание“, рече Џамбазов.

Официјалниот почеток на фестивалот ќе биде на 13 јануари. Според програмата, в петок ќе настапат Dj Ampov, Younge Daddy, Best od Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“, како и „Нокаут“, а в сабота најпрвин ќе настапат Akustik band live, Наум Петрески, оркестарот со зурли и тапани „Вевчани“ и Перо Бели и Коки од „Биоритам“.

„Благодарност до Министерството за култура, кога ќе видите што ќе направиме оваа година, ќе сакате и повеќе да ви дадеме наредната година“, додаде Џамбазов.

Како што соопшти министерката, склучен е договор за финансирање на фестивалот од 3 милиони денари и сумата е префрлена на сметката на Општината пред почетокот на карневалот.

„Вевчанскиот карневал е нематеријално културно наследство“, додаде министерката Стојчевска.

Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски, потенцира дека Вевчанскиот карневал е име и бренд,и дека треба да биде гордост за секоја власт и за секој министер.

„Имаме гости од цела Европа, новинари се присутни секоја година. Има докази дека карневалот се одржувал онолку колку што е старо и Вевчани. Карневалите тогаш се одржувале бидејќи луѓето на тој начин одговарале на природните непогоди што ги наоѓале – суша, глад, болести. Со текот на времето се формирала администрација, се формирала држава и сега Вевчани е место каде што сите функционери и политичари, оние што цела година правеле негативни работи, може да се видат на карневалот, без навреда. Вевчанскиот карневал нуди хумор и сатира“, додаде Кочовски на прес-конференцијата.

Текстот „Вевчанскиот карневал е нешто на што Македонците се гордеат“, рече Џамбазов и со министерката за култура го најави почетокот на фестивалот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top