(Видео) 219 санкционирани возачи во Скопје

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 22 санкции, 8 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 за користење на мобилен телефон. Изречени се 12 санкции за возење под дејство на алкохол, пет за минување на затворен сигнал(црвено светло), 22 мерки за непочитување на брзина на движење, пет за некористење на сигурносен појас и 73 санкции за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Share
Scroll to Top