Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 323 возачи.
Од нив, 27 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Најголем број од казните се изречени на територија на Штип – 60, потоа на територија на Битола – 49 и на територија на Скопје – 46.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.