(Видео) 9 години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава, вели Кузеска

(Видео) 9 години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава, вели Кузеска

пред 2 часа

„27 април е тежок, крвав потсетник колку лесно една криминална, недемократска власт може да ја втурне државата во провалија. 9 години од крвавиот 27 април, најцрниот ден во историјата на македонската демократија. Тоа беше организиран обид за државен удар, во режија на ВМРО и Никола Груевски“, вели Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.

„Во Собранието влегоа насилници со јасна намера – да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собранието, да го урнат уставниот поредок.

Сликите од тој ден се врежани и после 9 години: крвави лица на пратеници, дупнати глави, напади со шипки и столици, влечење, дивеење и уништување во храмот на демократијата.

А денешниот прмеиер, Христијан Мицкоски, тој ден беше пред Собранието.

Девет години подоцна, наместо целосна правда – сведоци сме на обиди за срамна рехабилитација на насилниците.

По доаѓањето на ВМРО-ОКГ на власт, осудени лица за 27 април се пуштаат од затвор со само еден потпис. Истовремено, истите луѓе и истите мрежи повторно се активираат.

Бетмен Велит, обвинет за 27 април – денес заедно со Латас се носителите на антиевропската кампања и нападите на СДСМ преку орбановата мрежа на медиуми.

Јане Ченто држи прес конференции и се заканува со тужби. Контроверзниот разузнавач Горан Живаљевиќ, човекот кој беше во Собранието на денот на нападот – останува симбол на странското влијание во тие настани и на БИА.

Повторно слушаме и за Сашо Мијалков и Никола Груевски. Денеска истата екипа. Истата банда. Истата криминална матрица. Истите луѓе, истите методи, истата агенда. Денес, под водство на Христијан Мицкоски, Македонија повторно се турка кон заробена држава:

Се бираат судии и обвинители под негова контрола; Заробени институции, заробеани медиуми; Рехабилитација на насилници; Линч и јавни напади врз опозицијата.

Ништо не е сменето во ВМРО-ОКГ. Тоа е истата структура која сака повторно да гази врз слободата и демократијата, да се пресметува со неистомисленици и да шири омраза и поделби меѓу граѓаните.

27 април не е само потсетник – тоа е опомена. Опомена што се случува кога државата ќе биде заробена“, изјави Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Текстот (Видео) 9 години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава, вели Кузеска е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top