(Видео) Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

(Видео) Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување

пред 2 часа

„Благодарение на брзата интервенција на кавадаречките пожарникари, огнот којшто излезе надвор од депонијата покрај Кавадарци бргу беше совладан, со што беа заштитени околните лозови насади“, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

„Пожарникарите продолжија цело попладне да фрлаат тони и тони вода врз депонијата. Таа е делумно изгасната, но се уште има внатрешно согорување. За поголем ефект ангажирани се и два БТР-и на ДЗС којшто со мокрите топови со домет од околу сто метри цело попладне дејствуваат овде. Гаснењето продолжува со затрупување на депонијата, бидејќи гасењето со вода не ги дава очекуваните резултати. Постепено се оди на целосно затрупување на оваа депонија. Ветрот е поволен и чадот не оди кон Кавадарци“, изјави Ангелов.

Тој додаде дека очекува во текот на ноќта депонијата да биде затрупана и чадењето да биде намалено на минимум.

Текстот (Видео) Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на нејзино затрупување е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top