(Видео) Андреј Петров и неговиот елитизам: Младите се „носачи на плакати“, а членовите на СДСМ, недостојни за истата маса, велат од оваа партија

(Видео) Андреј Петров и неговиот елитизам: Младите се „носачи на плакати“, а членовите на СДСМ, недостојни за истата маса, велат од оваа партија

пред 1 час

„Андреј Петров во емисијата „Во Центар“ покажа дека старите навики тешко се менуваат.

Младите социјалдемократи кои не се согласуваат со неговата иницијатива ги нарече „носачи на плакати“, а обичните членови на СДСМ – луѓе со кои „не сака да седи на маса“ бидејќи не се на „иста бранова должина“ со интелектуалците“, реагираат од опозициската партија.

Ова, како што шпосочуваат, доаѓа од човек кој како генерален секретар во 2013 година ја одведе партијата во тежок пораз, а потоа и самиот изгуби како кандидат за градоначалник во Карпош.

„Тогаш младите беа во првите редови на неговата кампања.

Денес, кога истите тие јасно ја препознаа неговата платформа како уште една верзија на ЗНАМ 2.0, проект за слабеење на СДСМ и платформа за спас на Мицкоски – Петров реагира со ароганција и навреди.

Наместо да одговори на аргументите, тој ги омаловажува оние кои се борат против организираната криминална група што ја уништува иднината на младите“.

Уште поопасно е, оценуваат од СДСМ; што отворено кажува дека не сака да седи на маса со обични граѓани, работници и земјоделци, токму со оние луѓе кои со години го одржуваа на високи функции во партијата.

Според нив, додека Андреј Петров се оддалечува од членството и граѓаните, претседателот Венко Филипче е секојдневно со нив, на терен, во разговори и во борба за нивните проблеми.

„Благодариме што јавно покажавте што навистина мислите за членовите на СДСМ.

Сега е јасно зошто оваа иницијатива не е реформа, туку платформа за спас на Мицкоски и уште еден обид за уривање на опозицијата одвнатре“.

Текстот (Видео) Андреј Петров и неговиот елитизам: Младите се „носачи на плакати“, а членовите на СДСМ, недостојни за истата маса, велат од оваа партија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top