(Видео) Анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“ достапен на „Јутјуб“

(Видео) Анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“ достапен на „Јутјуб“

пред 1 ден

Министерството за дигитална трансформација информира дека анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“, изработен во рамки на проектот МКСафеНет – Центар за побезбеден интернет, е достапен на „Јутјуб“.

„Цртаниот филм има за цел да ја подигне свеста кај децата, младите и родителите за безбедно користење на интернетот, препознавање на онлајн ризици и одговорно дигитално однесување“, соопшти Министерството.

Видеото е достапно на македонски јазик, а дополнително е подготвено и на албански и англиски јазик, со цел содржината да биде достапна до поширока публика.

 

Текстот (Видео) Анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“ достапен на „Јутјуб“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top