(Видео) Антовски: СДСМ предлага половични решенија, владата треба да го плати гасот

пред 3 години

Во економијата, во финансиите и бизнисот нема половични решенија, во случајов, или владата ќе плати за гас, или ќе ги остави радијаторите студени, изјави Стевче Антовски, член на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, кој додаде дека се’ друго е евтин партиски пи-ар.

Aнтовски наведе дека популистички полумерки нема да ги решат проблемите. Рече дека исто како и за струјата, сега се нудат половични решенија за централното греење.

„Лукративноста и неспособноста на СДСМ-ДУИ ја втурна државата во енергетска и финансиска криза, граѓаните плаќаат скапи енергенси, фирмите и општините многукратно повеќе. Лукративноста и неспособноста за струјата ги осиромашува и граѓаните и општините. И сега дополнително се нуди половично решение за греењето на гас. Барајќи од општините и градот Скопје да плаќаат за да го спасуваат парното во Скопје, уште еднаш покажаа дека се целосно изгубени од реалноста. Ги потсетуваме, тоа се истите општини и градот Скопје, кои СДСМ поради неспособност да ја решат енергетската криза, ги втурнаа во банкрот“, рече Антовски.

Според ВМРО-ДПМНЕ,  со ваква власт се уништува енергетиката во Македонија во секој сегмент, па затоа потребни се итни предвремени парламентарни избори.

Share
Scroll to Top