(Видео) Арсовски: Заев е најкорумпираниот човек што некогаш газел по Македонија

пред 3 години

Криминалот и корупцијата во СДСМ и во Владата почнуваат и завршуваат со Зоран Заев, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Човекот што лаже и краде без срам со цела своја фамилија, човекот што е една од главите на наркокартелот Заеви, ја навредува интелигенцијата на граѓаните велејќи дека третиот ешалон бил извор на корупција“, посочи Арсовски.

Во продолжение партискиот портпарол посочи примери, кои според него, покажуваат дека токму Заев, најпрвиот меѓу првите ешалони, е најкорумпирано суштество што некогаш газело по Република Македонија.

„Да потсетиме уште еднаш, Зоран Заев лично земаше по едно евро за него едно евро за црквата. Има ли покорумпиран човек од Заев, кој што самиот си легализираше дивоградба на неговото семејство, комплексот Цареви Кули. Надвор од закон, надвор од се. Има ли покорумпиран човек кој стимулира корупција, штитејќи ги криминалците како Драги Рашковски, Венко Филипче, Оливер Спасовски?“, јавно запраша портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и посочи дека одговорност за криминалот и корупцијата ќе има во блиска иднина.

Share
Scroll to Top