Владата предводена од коалицијата СДСМ-ДУИ потрошила над 2,5 милиони евра во ек на пандемија и економска криза за луксузни возила, обвини ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.
Партискиот портпарол, Димче Арсовски изјави дека половина од луксузните автомобили биле со цени над 30.000 евра, нешто што ниту еден просечен граѓанин не би можел да си го дозволи во свои два животи.
Во меѓувреме, вели Арсовски, економијата целиот тој период тонеше, компаниите затвораа, отпуштаа луѓе од работа, а граѓаните тонеа во сиромаштија и не добија никаква помош.
„Срамота е Владата да говори дека е домаќинска, а да менува коли на секоја година и тоа коли, луксузни лимузини кои што вредат над 30.000 евра по автомобил. Ова е најнедомаќинската Влада која што воопшто функционирала. На нив изгледа им менува дали колата е стара три години, или е нова од продавница. Очигледно нема објаснување зошто го прават ова сем за нивно лично луксузирање“, рече Арсовски.