(Видео) ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Филипче и Заев влијаеле врз лекарскиот извештај за Михаилова

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Филипче и Заев влијаеле врз лекарскиот извештај за Михаилова

пред 7 часа

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изнесе сомневања за можно влијание на поранешниот премиер Зоран Заев и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, врз изготвувањето на лекарскиот извештај за здравствената состојба на Ива Михаилова.

Партијата не презентираше докази за нивна директна вмешаност, туку побара надлежните институции да постапат по допрен глас и да отворат истрага за случајот.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на прес-конференција образложи дека медицинскиот извештај за Михаилова го изготвил неврологот Иван Барбов, кој во 2017 година бил назначен за директор на Клиниката за неврологија, во периодот кога СДСМ беше на власт.

„Очекуваме одговори од Филипче и Заев, дали е точно дека имаат ургирано кај својот криминален другар и доктор Барбов, да направи таква дијагноза за Ива Михаилова, во која докторот укажува дека таква метода за лекување нема во Македонија, туку има во Бугарија, затоа што се директно уценети од Румен Радев? Зошто Филипче и Заев си играат со довербата на јавноста?“, праша Манасиевски.



Текстот (Видео) ВМРО-ДПМНЕ прашува дали Филипче и Заев влијаеле врз лекарскиот извештај за Михаилова е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top