(Видео) Голем пожар во Кисела Вода

(Видео) Голем пожар во Кисела Вода

пред 1 час

Голем пожар избувна попладнево во објект на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода, а густ црн чад се гледа од повеќе делови на главниот град.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека се запалил магацин или друг објект, при што од внатрешноста се слушале и пукотници.

„Се запали магацин или друг простор на Јужен булевар, Кисела Вода, Скопје. Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија“, објави Ангелов.

На терен интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, кои работат на локализирање и гаснење на пожарот.

Засега нема информации за евентуално повредени лица или за причините за избувнувањето на пожарот. Се очекуваат повеќе информации по интервенцијата на надлежните служби.

Текстот (Видео) Голем пожар во Кисела Вода е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top