Почитувани граѓани на денешен ден или во 1992 година, Македонија го усвои своето знаме и Македонија ја усвои својата химна. Ете точно кога Владата на Мицкоски го направи скандал, овој дебакл со нашето македонско знаме, изјави Андреј Жерновски од СДСМ.
Тој кажа дека на официјалната прослава за 35 години од независноста на државата, платена со милиони евра народни пари, Мицкоски и неговата Влада, како што кажа, ги понижија државата и ги понижија граѓаните.
„И наместо да кажат кој е одговорен, наместо да објаснат колку пари чини ова понижување, и наместо да што е најважно да им се извинат на граѓаните што ги понижија нивните чувства, вчера се обидоа со едно таргикомично објаснување да се оправдаат дека всушност тоа што го видовме со така нареченото македонско знаме било, верувале или не, „уметничка инсталација“. Значи за Мицкоски, за ВМРО, за Владата, државното знаме не е свет државен симбол, туку е цитирам „уметничка инсталација““, рече Жерновски.
Обвини дека „тендер патриотите не знаат како изгледа знамето на државата, но многу добро знаат како изгледаат бугарските пасоши и како се прават фирми во Бугарија“.
Тој вели дека во одбележувањето на независноста недостасуваат членството во НАТО, членството во ОН и кандидатскиот статус за ЕУ и вели дека СДСМ ги има направено сите најважни државнички чекори.
„Меѓутоа, она што сакаме денеска да го истакнеме на прес-конференцијата е следно. Додека Мицкоски една екскурзија се одвива едно срамно обележување на независноста на нашата држава, недостасуваат клучни факти. Недостасува членството во НАТО, недостасува членството во ОН, недостасува кандидатскиот статус во Европската Унија. Значи се прави ревизија на клучните историски факти, што е многу важно да го напоменеме. Зошто се прави оваа ревизија? Затоа што всушност ВМРО го нема во ниту еден од државните успеси кои што ги постигнала Македонија. Напротив, токму СДСМ ги има направено сите најважни државнички чекори. И ова што беше објавено како спот и целиот тој проект е потврда за тоа што денеска го кажуваме“, рече Жерновски.
Праша каде денес ќе била Македонија ако ВМРО била цело време на власт?
„Немаше да имаме држава. Да потсетиме дека токму тие го газеа македонското знаме на Мечкин Камен. Значи, ова не е прв инцидент. Наназад се случува од патриотите да имаме такви инциденти. Или газење, или понижување на македонското знаме“ рече Жерновски и истакна дека за „срамната прослава со понижување на македонските државни симболи за знамето, законот јасно предвидува санкција“.
„Според член 4 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната, исто така јасно е наведено како може да се употребува државното знаме. Има и казнени одредби, тоа е член 30, од овој закон за прекршочна одговорност доколку организаторот на јавен настан по грешка или незнање, истакне погрешно знаме. Денеска бараме Владата да го прекине молкот и конечно да излезе пред граѓаните. Да каже, која фирма го направи погрешното знаме? Кој беше задолжен за визуелниот перформанс? Колку народни пари чини оваа прослава и кој ќе сноси одговорност за ова понижување на Македонија, на нејзините државни симболи и на нејзините граѓани?“, праша Жерновски.
Текстот (Видео) Жерновски: Кој ќе сноси одговорност за промашеното знаме и понижувањето на државниот симбол? е превземен од МАКФАКС.





