(Видео) Жугиќ: Функционерите продолжуваат да си делат тендери помеѓу себе

пред 4 години

Советничката во Советот на град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јелена Жугиќ вели дека функционерите продолжуваат да си делат тендери помеѓу себе.

„Па така Петре Шилегов му дал тендер во вредност од еден милион денари на партнерот на Мила Царовска со цел снимање со дрон на зелените површини на територија на Градот Скопје. Договорот е потпишан од Петре Шилегов како градоначалник.Прашање, дали во случајот со тендерот за летање на дрон на партнерот на Царовска играле улога и некои други фактори“, прашува Жугиќ.

Според неа непотребните расходи мора да се сведат на минимум со цел да се даде акцент пред се на она што е потребно за борба против пандемијата со коронавирусот.

Таа истакна дека советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје упатуваат повик до државната комисија за спречување криминал да отвори предмет и да го испита во целост тендерот за летање со дрон.

Share
Scroll to Top