(Видео) Изби ризичен пожар во Валандовско

(Видео) Изби ризичен пожар во Валандовско

пред 5 часа

Денеска попладне, околу 13.00 часот, изби пожар во атарот на валандовското сeло Удово, при што пожарникарите итно беа упатени кон тој пожар, но веднаш потоа изби друг пожар на локалната допонија до Валандово, што од слабиот ветар се проширил на околната ниска вегетација.

Како што соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, поради стрмниот тешко прооден терен и густата вегетација полна со трње, од страна на градоначалникот Ѓоко Камчев, веднаш била побарана воздушна помош.

Набргу потоа полетале два ,,ер трактори” на ДЗС.

Врз пожарот е воспоставена делумна контрола, но се уште е активен на еден негов крак.

Пожарот кај селото Удово е изгаснат, додава Ангелов.

Текстот (Видео) Изби ризичен пожар во Валандовско е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top