(Видео) Каевски: Мицкоски призна, со ДПМНЕ нема членство во ЕУ

(Видео) Каевски: Мицкоски призна, со ДПМНЕ нема членство во ЕУ

пред 10 месеци

Јавно, во интервју за “360 степени“ Христијан Мицкоски потврди дека неговата ДПМНЕ сака целосна блокада на евро-интегративниот процес на земјата.

Прашан за противењето на ДПМНЕ за гласањето на уставните измени и дека тоа може да значи нови 10 години блокада на пристапот кон ЕУ Мицкоски рече, цитирам: „може да бидат и сто години“ и додаде „а можеби и никогаш да не биде“, истакна на денешната прес-конференција Дарко Каевски од СДСМ.

Признанието на Мицкоски, вели тој, е јасна потврда, со ДПМНЕ и Левица нема членство во ЕУ, нема напредок, нема иднина.

Според него, антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица сакаат да ја вратат државата назад, во мрачно минато, во изолација, скарана со сите.

„Кочењето на европскиот пат е на директна штета на граѓаните, на повисок стандард, поголеми плати, поголеми пезнии, подобра иднина за младите.

Тоа еднаш сме го виделе, кога 11 години бевме заглавени.

Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица е закана за европската иднина на земјата и мора да биде поразена.

Изборите ќе бидат своевиден референдум за иднината на земјата.

Изборот е јасен, напредок и членство во ЕУ со СДСМ, изолација и стагнација со ДПМНЕ.

Граѓаните немаат нови години за губење во изолација, неизвесност и стагнација“, додава Каевски.

Со глас за проевропската коалиција предводена од СДСМ, според Каевски, на претседателските и на парламентарните избори граѓаните избираат членство во ЕУ, повисоки плати и пензии, напредок и сигурна иднина.

Текстот (Видео) Каевски: Мицкоски призна, со ДПМНЕ нема членство во ЕУ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top