По денешната средба на политичките партии за измените на Изборниот законик, координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, истакна дека Левица повторно настапила конструктивно и понудила компромисно решение, но предупреди дека постои основано сомневање дека големите партии бараат нови причини повторно да не се воведе една изборна единица:
„Нашето компромисно решение беше да помине една изборна единица, а гласањето на дијаспората по пошта да биде пилот-проект само за претседателските избори. Тоа беше прифатено од ДПМНЕ, но и понатаму имаме основано сомневање дека постои договор меѓу поголемите партии една изборна единица повторно да не помине”.
Крмов истакна дека ДПМНЕ перфидно во име на коалицијата го прифатиле решението на Левица, но дека за целосно усогласување на ставовите топката ја префрлиле на опозицијата.
Текстот (Видео) Крмов: Големите партии не бараат компромис – бараат изговор да закочат една изборна единица е превземен од МАКФАКС.






